Турција

Турција: За три дена фатени 410 мигранти

Екипите на турската Крајбрежна стража добија дојави за илегални активности на подрачјето на Измир и Ајдин, а акциите се извршени на различни места и во различно време

Candoğan Parlatan  | 23.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Турција: За три дена фатени 410 мигранти

Izmir

ИЗМИР (АА) - Во обид за илегален премин од Турција на некои грчки острови, во последните три дена се фатени повеќе од 400 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Измир и Ајдин се извршени десет акции во кои во последните три дена се фатени 410 мигранти.

Екипите на турската Крајбрежна стража добија дојави за илегални активности на тоа подрачје. Акциите се извршени на различни места и во различно време.

Фатените мигранти се од Сирија, Ирак, Сомалија, Авганистан, Сенегал, Централноафриканската Република и Јужна Африка.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.