Hale Türkeş
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Безбедносни извори соопштија дека најмалку тројца турски полицајци се убиени за време на акција против терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на провинцијата Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Уште еден полицаец е ранет во текот на рација во куќа што ја користеле членовите на ПКК во градот Ергани, наведе изворот на информации, кој сакал да остане анонимен и додал дека во текот на акцијата терористите биле неутрализирани.
ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и во Европската Унија, во јули 2015 година ја продолжи својата вооружена кампања во борбата против турската држава.