Sinan Polat
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу истакна дека сакаат Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација Фетулахџи (ФЕТО) да биде испорачан во Турција од страна на САД, бидејќи доколку постои соработка во борбата против тероризмот, тогаш е потребно и да се видат конкретни резултати од таа соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така, Чавушоглу изјави дека од Грција очекуваат да ги испорача војниците пучисти, кои по неуспешниот државен удар пребегаа во Грција.
„Извршителите на ударот сега бараат политички азил. Тие не спаѓаат во рамките на политички азил. Од грчките официјални претставници очекуваме соработка да биде фер и предавниците да ги испратат во Турција."