Ekipa
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
АДАНА (АА) – Екипите на полицијата на Адана започнаа акција по добиените информации дека терористи на ПКК се подготвуваат да извршат бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата почнала да следи две лица кои се движеле во околината на различни полициски станици, и увидила дека тие набљудувале неколку полициски станици, аеродромот во Адана и гувернерството во Џејхан.
Следејќи ги сомнителните, полицијата забележала дека тие често го користат магацинот за рециклирање материјали. По извршената истрага, во магацинот се пронајдени 21 кг експлозив ТНТ, 1 кг експлозив Ц4 и две рачни бомби.
- Подготвувале акции на места со голем проток на луѓе -
Осомничените, по обуката за ракување со експлозивни материјали, која ја имале во Кобани, се подготвувале со 7 возила полни со експлозив да извршат напад на аеродромот во Адана, зградата на гувернерството, полициски станици и места со голем проток на луѓе.