Hanife Erdinç
15 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - На отворени води во подрачјето на Ајваџик кај турскиот град Чанаккале, фатени се 135 нерегуларни мигранти кои се обиделе на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Силите на Командата на крајбрежната стража продолжуваат со активностите за спречување на нелегалните преминувања во северниот дел на Егејското Море.
Крајбрежната стража на отворени води кај пристаништето Јешил во Ајваџик фатија 69, додека на отворени води кај местото Нусратлиалти фатија 66 нерегуларни мигранти на гумени чамци.
Фатените нерегуларни мигранти биле со потекло од Авганистан.
Мигрантите се пренесени во станицата на Крајбрежната безбедност во местото Ќучуккаја, каде што им било обезбедено облека и храна, а потоа се пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.