Турција

Чавушоглу: Турција нема да толерира никакво одолговлекување на САД за безбедносната зона

„Сѐ уште постојат многу прашања кои треба да бидат детално разработени. Затоа решивме да го формираме Заедничкиот оперативен центар. И вие следите дека за да се формира Центарот, доаѓаат војници од САД...“

?kipa  | 15.08.2019 - Обновена : 17.08.2019
Чавушоглу: Турција нема да толерира никакво одолговлекување на САД за безбедносната зона

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со формирањето на безбедносната зона во северна Сирија рече дека постојат уште многу теми кои треба детално да се разработат, и дека Турција нема да толерира никакво одолговлекување од по тоа прашање од страна на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу говореше на заедничката прес-конференција во Анкара по состанокот со министерката за надворешни работи на Сиера Леоне, Набил Тунис. Притоа тој се осврна на темата за безбедносната зона во северна Сирија, која Турција во координација со САД, планира да ја формира во северна Сирија.

„Сѐ уште постојат многу прашања кои треба да бидат детално разработени. Затоа решивме да го формираме Заедничкиот оперативен центар. И вие следите дека за да се формира Центарот, доаѓаат војници од САД. Денеска делегација предводена од заменик-началникот на Командата на европските сили ќе замине за Шанлиурфа. Нашите беспилотни летала започнаа со летовите во регионот. Секако ќе има места за набљудување, ќе има и патроли, но тоа се детали. Целта е да се создаде безбедна зона, а [американскиот претседател Доналд] Трамп има ветување дека зоната ќе биде 20 милји и дека ЈПГ и ПКК ќе бидат отстранети од таа зона; само тогаш може да биде безбедна.“

- „За жал, во Мунбич губеа време и не ги исполнија своите ветувања“ -

Турскиот министер во однос на безбедносната зона планирана да се формира во координација со САД на северот на Сирија, рече: „Кажавме дека прелиминарниот договор е само почеток“.

„Како што кажавме, тактиката на САД за губење време нема да важи. За жал, во Мунбич го направија тоа, не ги исполнија своите ветувања“, рече Чавушоглу и додаде:

„Регионот источно од Еуфрат стана терористичко гнездо. Ние, преговарајќи за тоа САД продолжуваат да им даваат оружје на тие терористи. Неодамна, исто така со камиони донесоа многу оружје. Тука треба да бидат искрени, треба да разберат дека процесот на губење време нема да се толерира од страна на Турција. Првиот чекор е добар, но тоа треба да се реализира. Тоа е целта на работите што се прават и што ќе се направат.“

Тој, истакнувајќи дека за стабилизирање на регионот потребно е луѓето што живеат тука да се вратат назад, рече дека заедно со сириските Курди, има сириски бегалци кои сакаат да се вратат назад. Турскиот министер исто така рече дека овие луѓе не се чувствуваат безбедно таму и дека терористичката организација ЈПГ/ПКК насилно ги протерува.

- „Не станува збор дека Турција ќе биде отстранета од програмата“ -

Чавушоглу, на прашањето за програмата за воените авиони F-35, рече дека официјално Турција не може да биде отстранета од програмата.

Потсетувајќи дека некои турски војници и технички персонал во САД не се вклучени во програмата F-35 и дека се вратиле назад, Чавушоглу истакна дека програмата F-35 е заедничка програма во која учествуваат девет земји.

„Придонесот на Турција е многу важен. Досега изврши исплата од околу 1,4 милијарда долари. Производството во Турција сѐ уште продолжува“, нагласи Чавушоглу.

Тој, потсетувајќи дека САД реагирале по набавката на S-400 од страна на Турција, речет:

„Ние, во рамките на меѓусебното разбирање, мислиме дека некои работи можеме да ги поставиме правилно. Сметаме дека можеме да ги поставиме работите, независно од S-400. Инаку, двете држави ќе преземат меѓусебни чекори, односите ќе бидат тензични непотребно и тоа нема да донесе добро за никого. Ние не сакаме да се случи тоа, но претседателот на Република Турција во повеќе наврати рече дека ќе одговориме ако се заземе некој став.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın