Durmuş Genç
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
МУГЛА (AA) - Вишиот казнен суд во Мугла денеска го потврди обвинението покренато против 47 обвинети членови на терористичката организација Фетулачи (ФЕТО), кои ноќта на 15 јули оваа година учествувале во обидот за атентат на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на Неџеп Топуз, главниот обвинител на Обвинителството во Мугла, наведено е дека судот го потврди обвинението за обид за атентат на претседателот Ердоган кој во ноќта на 15 јули за време на обидот за пуч се наоѓал во Мармарис, во Мугла. Обвинението е покренато против 47 лица од кои три се во бегство.
„Судот во Мугла денеска го потврди обвинението со што започна главниот дел на процесот", наведе Топуз во соопштението.
Членовите на терористичката организација Фетулачи (ФЕТО) инфилтрирани во редовите на турските вооружени сили ноќта на 15 јули нападнаа хотел во Мармарис во кој преетходно престојуваше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
.