Sefa Şahin
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа четворица терористи во руралното подрачје на местото Јукселова кое се наоѓа во турскиот град Хакќари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, во тек е операцијата која се реализира во руралното подрачје на Јукселова од страна на градската жандармериска команда.
Се вели дека во рамки на оваа операција неутрализирани се четворица терористи.
Исто така, безбедносните сили заплениле различни пушки, бомби, СД картички, како и други нешта.