Mustafa Güngör
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ИЗМИР
Во подрачјето на Дикили, кое се наоѓа во турскиот град Измир, фатени се 83 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан кои се обиделе на илегален начин да преминат во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот на Крајбрежната безбедност откри нерегуларни мигранти на гумени чамци во подрачјето на Дикили.
Тимовите на Крајбрежната безбедност фатија 83 нерегуларни мигранти, од кои 38 деца, со потекло од Авганистан.
Фатените мигранти се пренесени во градската Дирекција за миграција.