İlkay Guder
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Во Јукселова, провинцијата Хакари, на југоистокот на Турција неутрализирани се 27 припадници на терористичката организација ПКК кои се обиделе да влезат во базата Бејбута, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турција соопштено е дека три групи на припадници на терористичката организација ПКК по полноќ се обиделе да влезат на подрачјето на базата.
Во воздушната акција која недолго потоа е покрената неутрализирани се 23, а во акцијата на копнените сили неутрализирани се четворица терористи.
Број на неутрализираните терористи, земјаќи ги во предвид и осумте терористи неутрализирани во местото Чукурџа, зголемен е на 35.
Антитерористичките акции на тоа подрачје и понатаму траат.