Fatma Bülbül
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Нема повредени во нападот на терористите на ПКК, кој се случи денес во раните утрински часови, откако терористите фрлија ракетни гранати на аеродромот во југоисточната покраина Дијарбакир, соопшти Канцеларијата на гувернерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека нападот во населбата Баглар предизвикала мала штета на аеродромскиот комплекс.
„Летовите од аеродромот продолжија по кратката пауза за истрага од страна на полицијата”, се вели во соопштението.
Во него се додава дека цел на нападот бил полициски пункт на аеродромот.
Во тек е истрага за откривање на извршителите.
ПКК - прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ - продолжи со својата вооружена кампања во јули минатата година, оттогаш загинаа над 600 припадници на безбедносните сили, а беа убиени околу 7.000 терористи на ПКК.