Dilan Pamuk
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ТУНЏЕЛИ (АА) - Турските безбедносни сили денес уништија пет засолништа користени од терористите на ПКК во источна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата е спроведена од страна на жандармериската команда во Оваџик, дистрикт во областа Тунџели.
Во засолништата се пронајдени и запленети залихи со храна, како и други предмети, како пили, кабли и батерии.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.