Nuran Erkul Kaya
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, соопшти дека турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ пристигнал на локацијата во Источниот Медитеран каде што ќе почне со работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„(Нашиот брод) Започна да ги поставува во морето сеизмичките кабли долги 10 километри. Вчера започнаа тестовите, денес се земени првите сеизмички читања. Во првата етапа имаме 10-дневна студиска програма“, рече Донмез.
Во обраќањето на 26. Меѓународен саем за енергетика и животна средина, преку видеоконференција истакна дека истражувањата за нафта и гас во морињата се најважната точка на агендата на Турција.
Посочувајќи дека важна е и технологијата, исто како и ресурсите во морињата, Донмез рече: „Ако со нашата технологија, знаење и вештини не можеме да вршиме разни активности во морињата, тоа значи дека тогаш не владееме целосно со нашите мориња. Затоа, нашата стратегија за доминација во морето се заснова на долгорочната технологија и развојот на човечкиот фактор.“
- „Оруч Реис“ започна да ги поставува во морето сеизмичките кабли долги 10 километри -
Турскиот министер истакна дека Турција продолжува со сите видови истражувачки активности во морето и покрај сите закани, и додаде дека бродот за сондажа „Кануни“ вчера го напуштил пристаништето „Мерсин Ташуџу“.
Истакнувајќи дека бродот е на пат кон пристаништето „Хајдарпаша“, Донмез рече:
„Тука ќе ги завршиме работите за демонтирање на кулата. На крајот на ноември бродот ќе биде пренесен на пристаништето „Филјос“ во Зонгулдак. Тука ќе биде склопена кулата и ќе се направат другите проверки. Потоа заедно со бродот „Фатих“ ќе започнат со сондажите во Црното Море. Нашиот брод за истражување „Оруч Реис“ исто така пристигна на локацијата каде што ќе работи. Започна да ги поставува во морето сеизмичките кабли долги 10 километри. Вчера започнаа тестовите, денес се земени првите сеизмички читања. Во првата етапа имаме 10-дневна студиска програма.“