Турција

Ердоган: „Во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих“ и ќе ги соопштиме новите резерви“

„Доаѓаат нови добри вести од работите за сондажа на овој наш брод, што се во тек. Се надеваме дека во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих“, каде што лично ќе ги видиме работите и ќе го соопштиме износот на новите резерви“, истакна Ердоган

Seval Ocak Adıyaman  | 14.10.2020 - Обновена : 15.10.2020
Ердоган: „Во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих“ и ќе ги соопштиме новите резерви“

АНКАРА

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во сабота ќе го посетат бродот за сондажа „Фатих“, каде што лично ќе ги видат работите и ќе го соопштат износот на новите резерви, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го истакна ова за време на неговото обраќање на состанокот од парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Големото народно собрание на Турција (ТБММ).

Турскиот претседател нагласи дека за време на бројните телефонски разговори и разговорите преку видеоконференција што ги реализирал со светските лидери, разговарале за прашањата на регионално и глобално ниво.

Според него, со сите страни често реализирале разговори во врска со кризните зони како Источниот Медитеран, Либија, Сирија и Азербејџан, и ефективно ги користеле дипломатските канали.

Ердоган истакна дека нема да дозволат нови хуманитарни трагедии во Сирија и дека никогаш нема да отстапат од безбедноста на границите.

Тој рече дека со цврст став покажале дека во Источниот Медитеран нема шанси да се реализира некаков план без да се земат предвид правата и интересите на Турција и кипарските Турци.

Турскиот претседател нагласи дека бродот „Јавуз“, кој врши сондажа во регионот, ја завршил работата што ја реализирал извесно време и се вратил на пристаништето заради одржување.

Ердоган информира дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“, исто така, ги завршил работите за одржување и се вратил на својата мисија во Медитеранот, додека според него, бродот „Барбарос Хајретин-паша“ веќе продолжува со сеизмички истражувања во Медитеранот.

„На Грција и грчката кипарска администрација, кои не го одржаа зборот даден на преговорите реализирани на платформите од Европската Унија и НАТО, ќе продолжиме на терен да им го даваме одговорот што го заслужуваат“, рече Ердоган.

Тој истакна дека бродот „Кануни“, кој последен го вклучиле во флотата за сондажа на Турција, по завршување на работите за одржување, тргнал на извршување на неговата мисија во Црното Море.

„Очекуваме добри вести и од активностите на бродот „Кануни“, кој по посетата на Истанбул и Зонгулдак ќе пристигне во зоната определена за сондажа“, додаде тој.

Турскиот претседател рече дека турскиот народ се израдувал на веста дека бродот за сондажа „Фатих“ открил резерва на природен гас од 320 милијарди кубни метри.

„Доаѓаат нови добри вести од работите за сондажа на овој наш брод, што се во тек. Се надеваме дека во сабота ќе го посетиме бродот за сондажа „Фатих“, каде што лично ќе ги видиме работите и ќе го соопштиме износот на новите резерви“, истакна претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.