Турција

Ердоган: „Нападот врз џамијата во Јужен Кипар нема да остане без одговор“

„Оние што се впуштаат во такви обиди за саботажа на местата за богослужба ќе платат висока цена“

Rabia İclal Turan  | 06.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
Ердоган: „Нападот врз џамијата во Јужен Кипар нема да остане без одговор“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека обидот за подметнување пожар минатата недела во џамија на грчката страна на поделениот кипарски остров „нема да остане без одговор“, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Оние што се впуштаат во такви обиди за саботажа на местата за богослужба ќе платат висока цена“, изјави Ердоган за новинарите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пред да замине во дводневна официјална посета на Катар.

„Ние исто така истражуваме кој стои зад овој напад“, рече тој.

Турција вчера го осуди обидот за подметнување пожар на 2 декември врз Големата џамија во Ларнака, во администрацијата на кипарските Грци на Јужен Кипар.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, исто така, упати критики за обидот да се запали џамијата.

„Не се пријавени жртви, а полицијата уапси најмалку еден осомничен“, се вели во соопштението на Претседателството за верски прашања на Северен Кипар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.