Ergin Garip
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската градежна фирма „Дорче префабрик“ ќе ги изложи своите производи на Меѓународниот саем на одбрана оваа недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дводневниот Самит за одбранбена логистичка поддршка ќе започне утре во главниот град на Турција, Анкара.
Компанијата соопшти дека на Самитот ќе се дискутира за низа прашања, вклучително и за модернизацијата на полето на логистиката, дигиталната транзиција и за можностите за извоз.
Претставници од секторот одбрана, универзитетски професори, носители на одлуки и воен персонал ќе учествуваат на настанот организиран од страна на Претседателството на одбранбената индустрија на Турција.
„Дорче“ е партнер на Вооружените сили и одбранбените компании веќе 40 години со своите модуларни проекти, меѓу кои и воени кампови, хангари и специјално дизајнирани објекти.
Оваа компанија ќе го изложи својот специјално дизајниран производ наречен „Air Portable Containers“, што може да биде преместуван со хеликоптери и да биде изграден за само два часа без никаква опрема.
Овие повеќенаменски контејнери можат да бидат дизајнирани да се користат како медицински кампови, канцеларии, кујни или тоалети.
Друг истакнат проект што го презема компанијата е хангарот F-16 и F-35 во Џибути, изграден за јапонската Армија.