Турција

Состанок Ердоган - Зеленски: Турција сака мирно Црно Море

„Нашата главна цел е Црното Море да продплжи биде море на мирот, спокојот и соработката“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Владимир Зеленски

Handan Kazancı  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Состанок Ердоган - Зеленски: Турција сака мирно Црно Море Фото: Murat Çetinmühürdar/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на деескалација на тензиите во Украина и рече дека Турција сака мирно Црно Море, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нашата главна цел е Црното Море да продплжи биде море на мирот, спокојот и соработката“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Владимир Зеленски.

Ердоган повика на мирно и дипломатско решение на тековната криза.

Тој го повтори принципиелниот став на Турција за непризнавање на анексијата на Крим.

Од своја страна, Зеленски, ја пофали исклучително важната поддршка на Турција за територијалниот интегритет на Украина.

Тој рече дека одбранбената индустрија е движечка сила зад турско-украинското стратешко партнерство.

Претходно, состанокот меѓу Ердоган и Зеленски во палатата Хубер започна во 15: 45 часот по локално време и траеше три часа.

Средбата се случи во период кога Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека Русија носи свои трупи на источната граница на Украина на ниво невидено од 2014 година кога го зазеде и кога го анектираше украинскиот полуостров Крим, кршејќи на меѓународното право.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın