Турција, економија

Турција го собори рекордот во земјоделското производство, влезе во првите 7 земји во светот

„Нашето земјоделско производство, кое изнесуваше 68,9 милијарди долари во 2023 година, се зголеми за 7% на 74 милијарди долари во 2024 година, ставајќи нè меѓу седумте најдобри земји во светот“

Esra Tekin  | 06.07.2025 - Обновена : 06.07.2025
Турција го собори рекордот во земјоделското производство, влезе во првите 7 земји во светот

ИСТАНБУЛ (АА) - Земјоделското производство во Турција достигна рекордно високо ниво, зголемувајќи се од 68,9 милијарди долари во 2023 година на 74 милијарди долари минатата 2024 година, раст од 7%, што ја става земјата меѓу седумте најдобри во светот, објави денес турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахил Јумакли, јавува Анадолу.

„Нашето земјоделско производство, кое изнесуваше 68,9 милијарди долари во 2023 година, се зголеми за 7% на 74 милијарди долари во 2024 година, ставајќи нè меѓу седумте најдобри земји во светот“, соопшти Јумакли преку X.

„Според податоците на Светската банка, нашето земјоделско производство се зголеми од 68,9 милијарди долари во 2023 година на 74 милијарди долари во 2024 година, со раст од 7%. Со ова, влеговме меѓу седумте најдобри земји во светот. За прв пат, нашата земја ја надмина границата од 70 милијарди долари“, додаде тој.

Јумакли им честита на оние кои придонесоа за успехот, производителите и индустријалците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.