Osman Akça
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
МУГЛА (АА) - Младо момче настрада во несреќа за време на пожарот во подрачјето на Мармарис, во југозападната турска област Мугла, кој како волонтер превезувал вода до пожарникарите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акциите за гаснење на пожарот што избувна вчера во Сиринјер, во населеното место Армуталан, кој се прошири кон населбата Ичмелер, се изведуваат од воздух и од копно.
Шахин Акдемир (25) загина откако обидувајќи се да избега од подрачјето зафатено со пожар доживеа несреќа и остана заробен во огнениот обрач. Акдемир работеше во туристичкиот сектор, а на противпожарните екипи им носел вода со мотоцикл.
„Продолжуваме со пренесување на вода. Повторно ќе транспортираме вода до пожарникарите. Нека Алах ни го внесе ова во нашите добри дела“, рече Акдемир во видеозаписот што го сподели вчера на социјалните мрежи.
На следното видео видливи се трагите од саѓи на неговото лице.
„Пожарот и понатаму трае, ние и понатаму пренесуваме вода“, рече Акдемир.
Тој и пред еден месец доброволно транспортира вода за гаснење на шумскиот пожар кој тогаш избувна во Мармарис, а во кој настрада Горкем Хасдемир.