Burcu Arik
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Според полициски извори, турската полиција утринава притвори најмалку 86 осомничени лица поврзани со терористичката организација ПКК, во операциите во седум покраини, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичките операции се спроведуваат во Анкара, во источните области Агри, Муш и Ван, во јужните области Адана и Анталија, како во и централната област Коња.
Анонимниот извор изјави дека за време на рациите, антитерористичките тимови привеле 34 осомничени во Анкара, Агри, Муш и Ван, 34 во Адана, 10 во Анталија и осуммина во Коња.
Внукот на Сирри Сакик, градоначалник на источната област Агри, исто така беше приведен во операцијата во Муш, додава истиот извор.
ПКК се наоѓа на листа на терористички организации на Турција, САД и на ЕУ.
Повеќе од 1.200 жртви, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили ги загубија своите животи во нападите на ПКК откако групата ја продолжи својата повеќедецениска кампања против Турција во јули 2015 година. Повеќе од 4.000 лица од безбедносниот персонал и над 2.000 цивили се исто така повредени.
Во овие антитерористички операции се неутрализирани над 10.000 терористи на ПКК. Запленети се речиси 5.500 парчиња оружје, 652.000 куршуми и повеќе од 142 тона експлозиви и 15.000 бомби.