Aybüke İnal
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во последните 10 дена со успешните операции извршени во Ирак и северна Сирија неутрализирани се 118 терористи на ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана се вели:
„Херојските Турски вооружени сили, кои со решеност, активно и силно се борат против тероризмот, во последните 24 часа неутрализираа 21 терорист на ПКК/ЈПГ во успешните операции во Ирак и северна Сирија. Со тоа, во последните 10 дена, неутрализирани се вкупно 118 терористи на ПКК/ЈПГ.“
Се нагласува дека операциите ќе продолжат без забавување сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК и на северот на Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.