Erdoğan Çağatay Zontur
11 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ДИЈАРБАКИР
Турскиот суд денеска ја осуди пратеничката од опозициската партија ХДП на 10 години затвор, велат судски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Високиот кривичен суд во источната област Дијарбакир ја прогласи Ремзије Тосун од Народната демократска партија (ХДП) виновна за терористички злосторства“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Тосун беше обвинета за членство во вооружена терористичка група.
Турската Влада ја обвинува ХДП за поврзаност со ПКК, која се наоѓа на списокот на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.