İzzet Mazi,Rıdvan Korkulutaş
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
КИЛИС (АА) - Во центарот на турскиот пограничен град Килис утрово паднаа две гранати истрелани од соседна Сирија, а според првичните информации има и повредени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на Anadolu Agency јави дека два артилериски проектили паднаа утрово во квартот Окчулар, во Килис, и дека има повредени лица.
Првиот проектил го погодил покривот на една куќа, а другиот паднал на ненаселена област. Според првичните информации има повредени лица.
Турските безбедносни сили преземаат засилени мерки за безбедност во центарот на Килис. Во петокот, од територијата на Сирија, која е под контрола на ДАЕШ беа истрелани два проектила врз турскиот град Килис, при што загинаа тројца, а беа повредени три лица.
Килис, кој се наоѓа на шест километри од границата со Сирија, минатиот месец беше погоден со неколку ракети истрелани од Сирија. Во понеделникот, четири ракети истрелани од Сирија во Килис убија пет лица, а шест беа повредени.