Şerife Çetin
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
АНКАРА
Властите на Република Турција, содржината од заедничката изјава на учесниците на Самитот на земјите на Јужна Европа (Med7), која се однесува на прашањата за Источниот Медитеран и Кипар, ја оцени пристрасна, неточна и правно невтемелена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, ги коментираше пораките од Самитот на кој вчера на Корзика присуствуваа делегациите од Франција, Италија, Шпанија, Малта, Португалија, Грција и Јужен Кипар.
„Како и минатата година, во заедничката изјава на учесниците повторно се изнесени невтемелени и претенциозни тврдења во врска со ситуацијата на Источниот Медитеран и Кипар“, наведе Аксој.
- Повик на Грција за намалување на тензиите
Аксој ги повика властите на Грција да се откажат од максималистичките тврдења за поморските овластувања кои се спротивни на меѓународното право.
Тој порача дека за намалувањето на тензиите во регионот е неопходно Грција да ги повлече воените бродови од близина на турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“, да се откаже од вооружувањето на Меис и другите острови на источниот дел на Егејското Море и да стави крај на растечките притисоци кои ги врши на турското малцинство во Западна Тракија.
- Земјите на ЕУ да ги променат едностраните и пристрасни ставови
Аксој понатаму нагласи дека Турција е земја со најдолг брег на Источниот Медитеран и дека како таква е кандидатка за членство во ЕУ.
„За воспоставувањето дијалог и соработка на Источниот Медитеран е неопходно Грција безусловно да седне со Турција на преговарачка маса, Јужен Кипар да соработува во праведната поделба на хидрокарбонските ресурси од Северен Кипар како косопственик на тој остров, потоа Јужен Кипар да не ја користи ЕУ како заложник на неговите кратковиди интереси и ЕУ и земјите потписнички на таа изјава да се откажат од пристрасните ставови кои се спротивни на меѓународното право и принципите на ЕУ“, порача Аксој.
- Заедничка изјава од Самитот „Мед7“
Учесниците на вчерашниот Самит на Корзика потпишаа заедничка изјава во која се наведува полната поддршка на Грција и Јужен Кипар наспроти наводните агресивни потези и напади кои Турција ги извршува на нивните суверенитети и суверени права.
Во изјавата се повикуваат земјите на регионот на почитување на меѓународното право и меѓународното поморско право и решавање на споровите со дијалог и преговори.
Учесниците на Самитот на јужноевропските земји ги поздравија иницијативите на шефот на европската дипломатија, Џозеп Борел и Германија за повторно воспоставување на турско-грчкиот дијалог. Турција е повикана да го прифати повикот на Јужен Кипар за преговорите за одредување на ексклузивни економски зони и тоа прашање да го проследи до Меѓународниот кривичен суд.
„Доколку Турција не направи напредок кон дијалог и не се откаже од едностраните активности, ЕУ е подготвена да подготви додатна листа на ограничување на мерките и тоа би можело да биде на дневен ред на Самитот на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи на 24 и 25 септември“, се наведува во изјавите од Самитот „Мед7“.