Didar Yüsra Dilruba Öz
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Од воени извори денес се дознава дека турските воени авиони синоќа уништија 14 упоришта на терористите на ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади кои се случија во регионите Зап, Гара, Хакуркм и Авасин-Басјан беа уништени 14 упоришта на терористичката група, вели анонимниот извор.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.
Над 1.000 лица, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили ги загубија своите животи во нападите на ПКК во Турција, откако терористичката група ја продолжи својата повеќедецениска кампања во јули 2015 година.
Оттогаш, во нападите на ПКК загинаа 793 лица од безбедносниот персонал и 314 цивили, вклучувајќи жени и деца. Над 4.000 припадници од безбедносниот персонал и над 2.000 цивили се повредени.
Исто така, повеќе од 10.000 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции. Запленети се над 5.500 парчиња оружје, 652.000 парчиња муниција, над 142 тона експлозив и 15.000 бомби.