Jeyhun Aliyev
20 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку седум лица кои се обиделе илегално да преминат од Турција во Грција и од Сирија во Турција, се фатени од страна на турските погранични единици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека четворица од приведените лица се припадници на терористичката организација ДАЕШ, а други двајца припаѓаат на терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а 2.734 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок во Турција преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна воени и полициски операции во рамки на земјата и надвор од неа за да спречи понатамошни напади.