Mehmet Hatipoğlu
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АТИНА (AA) - Во главниот град на Грција, Атина, две непознати лица пукаа на зградата на Панхеленското социјалистичко движење (ПАСОК), јавува Anadolu Agency (AA).
Две лица, кои на главата имаа маски, наводно со мотоцикл дошле пред зградата на ПАСОК во центарот на Атина и пукале кон полицијата, која се наоѓала пред објектот.
Напаѓачите избегаа од лице место, додека во нападот немало мртви ниту ранети лица.
Полицијата по нападот покренала истрага.
Претседателката на ПАСОК Фофи Генимата по нападот изјави дека оваа политичка партија и претходно била мета на слични напади.
Таа побара од официјалните власти да зградата на ПАСОК добие поефикасна заштита, додавајќи дека никој од властите не ги повикал во врска со нападот.
„Значи дека Владата ваквите напади ги третира како вообичаени случаи", рече Генимата.
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, покасно го осуди нападот на зградата на ПАСОК.