Uğur İslamoğlu
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција против терористичките организации ДЕАШ и Ал Каеда, организирана во Истанбул, Република Турција, приведени се девет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Одделот за борба против тероризмот при полицијата во Истанбул соопштија дека е покрената акција против лицата осомничени за поврзаност со боиштата и дека дејствуваат во рамките на терористичките организации.
Акцијата е организирана на десет адреси во осум квартови, а приведени се девет странци.
Запленети се и поголем број документи и дигитален материјал.
Во тек е процесуирањето на приведените.