Barış Seçkin
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
МАТЕРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Г20 треба да игра водечка улога во борбата против пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) и дека вакцината треба да биде основа за соработка, а не за конкуренција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу денес присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на групата Г20 во историскиот град Матера во Италија.
Шефот на турската дипломатија на својот профил на Твитер особено ја истакна важноста на, како што рече, здравиот глобален развој.
„Ги поддржуваме напорите со цел одржлив, инклузивен и здрав глобален развој. Г20 би требало да игра водечка улога во борбата против пандемијата. Вакцината треба да биде основа за соработка, а не на конкуренција. Не можеме да останеме рамнодушни ни кон ситуацијата во Африка“, рече Чавушоглу.
Заврши состанокот на министрите за надворешни работи, а потоа започна заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи и министрите за развој.
Главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на групата Г20 во градот Матера се луѓето, планетата и просперитетот.
Г20 е неформален форум кој ги на едно место ги собира министрите од 20-те економии - 19 (од 25) најразвиени национални економии и Европската Унија како посебна целина.
Првиот состанок на Г20 е одржан во Берлин на 15 и 16 декември 1999 година.