Meryem Göktaş
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку шестмина припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во синоќешниот воздушен напад на турските безбедносни сили во источниот дел на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека врз основа на разузнавачки сознанија за ново засолниште на терористите во источната област Тунџели, воздушните сили синоќа ги нападнаа и ги уништија тие позиции.
Во нападот се убиени најмалку шестмина терористи кои во моментот на нападот подготвувале терористички напад во Турција.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.
Станува збор за организација што подолго од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година.
Досега во тие напади се убиени повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи и припадници на турските безбедносни сили и цивили.