Sertaç Bulur
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
АНКАРА (АА) - Поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, суспендирани се 9.103 припадници на полицијата во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералната дирекција на полицијата се наведува дека во рамките на вонредната состојба, воведена по обидот за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, суспендирани се 9.103 припадници на полицијата.
Според соопштението, утврдено е дека споменатите лица поврзани со ФЕТО, претставуваат закана за националната безбедност.
Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, во 80-тите значително ги зајакна своите паралелни структури во рамките на тие институции, и на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар со цел да се сруши уставниот поредок и да се собори демократски избраната турска власт.
Властите на Турција спроведуваат опсежни операции во рамките на борбата против таа терористичка мрежа предводена од Фетула Ѓулен.