Tuba Şahin
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турција ќе го лансира во орбитата својот комуникациски сателит „Турксат 5Б“ во четвртиот квартал од оваа година, соопшти денеска турскиот министер за транспорт и инфраструктура, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Една од најистакнатите карактеристики на „Турксат 5Б“, кој ќе биде лансиран во орбиталниот слот на 42 степени Исток, е да се зголеми комуникацискиот капацитет на турскиот Ка-бенд за 15 пати“, изјави Адил Караисмаилоглу на прес-конференцијата во главниот град Анкара.
„Турција забрзано се движи кон тоа да стане меѓународен играч на полето на сателитските и вселенски истражувања“, рече Караисмаилоглу.
„Оној кој има отпечаток на стапалото во вселената, има моќ и во светот“, подвлече тој.
Осврнувајќи се на „Турксат 5А“, турскиот сателит кој беше успешно лансиран во јануари, министерот истакна дека досега има завршено околу три четвртини од своето патување.
„Нашиот сателит ќе се смести во орбиталниот слот на 31 степен Исток во првата недела од мај“, рече тој.
Кога „Турксат 5А“ ќе биде ставен во функција, ќе ги опфаќа Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Западна и Јужна Африка, како и Средоземното, Егејското Море и Црното Море.