Esra Tekin
08 Септември 2023•Ажурирај: 09 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили го неутрализираа водачот на терористичката организација ПКК за подрачјето на планините Загрос во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.
Ферит Јуксел, со кодно име Серзан Мева, е неутрализиран за време на турската антитерористичка операција „Канџа-катанец“.
Министерството нагласи дека турските војници ја продолжуваат својата немилосрдна борба во зоната на операцијата.
Терористите на ПКК често се кријат преку турската граница, во северен Ирак, за да планираат напади.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.