Muhammed Ali Toruntay
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 8 терористи на ПКК во операцијата „Канџа-Молња“ во регионот Авашин во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од министерството се истакнува: „8-те терористи на ПКК откриени во рамките на операцијата ‘Канџа-Молња‘ во регионот Авашин се неутрализирани од страна на нашите воени сили.“
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, за планирање терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.