Nilay Kar
23 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турската армија неутрализира 11 терористи во текот на антитерористичките операции во источна Турција и северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во објава на официјалниот профил на Твитер, турскиот Генералштаб соопшти дека воздушните напади се изведени меѓу саботата и неделата во источните турски области Хакќари и Ерзинџан, и во подрачјето на Авашин Басјан во северен Ирак.
Турските воздушни напади во овој регион вообичаено се насочени против терористите на ПКК.
Нападите на позициите на терористичката организација ПКК се изведуваат редовно од јули 2015 година, кога ПКК ја продолжи својата вооружена кампања.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, како и на листата на САД и ЕУ. Во својата терористичка кампања против Турција, која трае над три децении, убиени се повеќе од 40.000 лица, вклучувајќи голем број жени и деца.