Турција

Во Турција за една недела неутрализирани 40 терористи

Меѓу неутрализираните терористи е Мерим Озсогут, кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи

Sertaç Bulur  | 23.07.2018 - Обновена : 24.07.2018
Во Турција за една недела неутрализирани 40 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Во антитерористичките операции организирани од 16 до 23 јули во Турција, неутрализирани се 40 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили во споменатиот период организирало 1.898 акции.

Приведени се 3.883 лица, 439 од нив за тероризам, 118 за нелегална миграција и 3.326 во рамките на борбата против трговијата со луѓе и злоупотреба на наркотици.

Приведени се 81 лице под обвинение дека им помагале на терористите на ПКК, 13 поради обвинение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и 11 под сомнение дека се членови на левичарски терористички организации. Исто така, во борбата против терористичката организација ФЕТО осомничени се 334 лица.

Во организираните акции неутрализирани се 40 терористи, од кои 26 беа убиени, 6 заробени, а 8-мина се предале.

Меѓу неутрализираните терористи е Мерим Озсогут, кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи. Во акциите на безбедносните сили организирани во Дијарбакир, Хаќари и Токат, беа уништени 3 засолништа, пештери и 12 рачно изработени експлозивни направи.

Запленети се 39 килограми материјали кои се користат за правење на експлозиви, 16 рачни бомби, проектили, 21 парче оружје и 1.100 парчиња муниција.

Во акциите, во состав на борбата против наркомафијата, беа запленети повеќе од 1,4 тони марихуана, 15 килограми хероин, 1,5 килограми кокаин, 729.009 стебла индиски канабис и поголеми количества други наркотици.

За време на борбата против илегалните миграции уапсени се 6.801 мигранти и бегалци, од кои 740 во морскиот простор на Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.