Mehmet Tosun
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во воздушен напад на Турските вооружени сили (ТСК) на северот на Ирак неутрализиран е Хасан Чакмак кој важи за главен логистичар на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турската армија соопшти дека е утврдено дека Чакмак бил меѓу тројцата неутрализирани терористи за време на нападот кој турските бомбардери го извршија на 23 јули во северен Ирак.
Турските вооружени сили (ТСК) на Твитер објавија снимка од нападот на која се гледа како проектил уништува возило во моментот кога терористите тргувале со дрога и оружје.
Неутрализираниот Чакмак важи за шеф на логистика на терористичката ПКК, а познат е и по кодното име „Делил Каракочан“.
ПКК е сепаратистичка организација и се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, долж границата помеѓу Ирак и Турција. Станува збор за област која е позната како колевка на терористичкото движење ПКК.
Освен во Турција и на северот на Ирак, турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК и во северниот на Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат на правата на Турција засновани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации за борба против тероризмот.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализирање на терористичките закани.