Ekipa
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Контроверзниот турски телевизиски проповедник Аднан Октар, се наоѓа во притвор во исчекување на денешното судење во Истанбулскиот суд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Полицијата во Истанбул го приведе Октар, заедно со 142 други лица, под обвиненија дека сториле голем број кривични дела“, истакна судски извор кој зборуваше под услов за анонимност.
Испрашани се, исто така, уште 25 осомничени лица.
Октар беше уапсен на 10 јули кога полицијата ги бараше осомничените лица поврзани со оваа култна организација.
Криминалната група на Октар се товари за неколку кривични дела, вклучувајќи организиран криминал, сексуално злоупотребување деца, сексуален однос со малолетници, киднапирање малолетници, затајување данок и кршење на Законот против тероризам.
Октар е сопственик на ТВ-каналот „A9“, во кој води емисии опкружен со старлети, дискутирајќи за регионални и општествени прашања, вклучувајќи и верски вредности и начела.