Sefa Şahin
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНКАРА
Турските војници преку воздух доставија храна за планинските кози кои се соочуваат со тешкотии за наоѓање на храна поради снегот на планината Сумбул која се наоѓа во турската област Хакќари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата е објавена на социјалната мрежа Твитер профилот на Турските вооружени сили (ТСК).
„Планинските кози кои не можеле да најдат храна поради снегот на планината Сумбул во Хакќари, се откриени од страна на нашите војници кои биле на пат кон операција, при што со поддршка на Дирекцијата за заштита на природата и национални паркови, преку воздух доставија храна“, се наведува во објавата.
Во објавата е споделена и видео-снимка од доставувањето на храна преку воздух.