Ayşenur Sağlam
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Според информациите до кои дојде АА од Заводот за статистика на Турција (ТУИК), вкупните трошоци на туристите што во 2016 година својот одмор го поминаа во Турција, е 22 милијарди 107 милиони долари, од кои 18 милијарди 495 милиони долари се приватни трошоци, а 3 милијарди 611 милиони долари се трошоци на основа пакет аранжмани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на приватните трошоци, најмногу пари се потрошени за храна, и тоа 5 милијарди 108 милиони долари (27 отсто), а 3 милијарди 269 милиони долари се потрошени на меѓународен транспорт.
Во овој период, туристите потрошиле 2 милијарди 507 милиони долари за сместување, 1 милијарда 772 долари за транспорт, 715 милиони долари за здравство, 295 милиони долари за спорт, образование/обука и култура, а за туристички услуги потрошиле 55 милиони долари.
Туристите потрошиле 2 милијарди 607 милиони долари за облека и обувки, додека за сувенири потрошиле 1 милијарда 24 милиони долари.
За купување теписи, туристите потрошиле 87 милиони долари, потоа 902 милиони долари за други трошоци и за пристанишни услуги потрошиле 55 милиони долари.
- Дваесет и пет отсто од трошоците во странство се за сместување -
Во 2016 година, турските граѓани за туристички патувања во странство потрошиле 5 милијарди 50 милиони долари. Овие трошоци се состојат од лични трошоци во висина од 4 милијарди 31 милион долари и трошоци од пакет-аранжмани од 1 милијарда 18 милиони долари.
За храна, пијалаци, сместување и сувенири, турските граѓани потрошиле 65 отсто од парите. Низ бројки, тоа би изгледало вака: за храна и пијалаци 1 милијарда 120 милиони долари, за сместување 1 милијарда и 35 милиони долари и за сувенири 472 милиони долари. Во рамките на приватните трошоци, 27 отсто од парите се потрошени за храна и пијалаци, 25 отсто за сместување и 11 отсто за сувенири.