Burak Bir
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Вкупно 19 лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ПКК, се приведени во турската источна област Карс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили ги приведоа осомничените во неколку рации извршени во Карс како дел од истрагата започната од локалните обвинители против осомничените членови на терористичката организација ПКК.
Меѓу приведените се и локални официјални претставници и членови на Демократската народна партија (ХДП), вклучувајќи ги заменик-градоначалниците Севин Алаџа и Муазез Чагритекинџи, како и Џенгиз Анли, челник на ХДП во областа Карс.
Осомничените се товарат за ширење пропаганда на ПКК преку веб-страници поврзани со терористичката организација и дистрибуција на пари собрани од КЏДК-Е, организација на ПКК во Европа.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.