Barış Gündoğan
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
АНКАРА
Фатени се 12 лица поврзани со терористички организации кои се обиделе да преминат од Турција кон Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека граничните сили фатиле 12 лица кои се обиделе да преминат од граничната линија во турскиот град Едрене кон Грција.
Исто така, се истакнува дека откриено е оти овие лица биле поврзани со терористички организации.