Gözde Bayar
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре ќе ја посети Италија, соопштува Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу ќе ја посети Италија на покана на неговиот колега Луиџи ди Мајо“, се соопштува од турското Министерство за надворешни работи.
„Чавушоглу и Ди Мајо ќе дискутираат за подготовките на третиот меѓувладин Самит меѓу Турција и Италија, како и за билатералните односи на двете земји и процесот на Турција за пристап во ЕУ“, се вели во соопштението.
„Министрите, исто така, ќе разменат ставови во врска со моменталните регионалнни и меѓународни случувања“, се додава во соопштението.