Турција

Турскиот МИТ го неутрализира т.н. покраински водач на терористите на ПКК/ЈПГ во Сирија

МИТ изврши операција и покрај Ребани, го неутрализира и терористот Мазлум Есат со кодно име „Рухаз Амуде“, таканаречениот „генерален инженер“ за пoкраината Амуде-Дербесије.

Ferdi Türkten  | 12.08.2022 - Обновена : 13.08.2022
Турскиот МИТ го неутрализира т.н. покраински водач на терористите на ПКК/ЈПГ во Сирија

АНКАРА (АА) - Во операцијата на Турската разузнавачка служба (МИТ) во сирискиот регион Камишли е неутрализиран иранскиот терорист на терористичката организација ПКК/ЈПГ, Јусуф Мехмуд Ребани, со кодно име „Резан Чавит“, т.н. регионален водач на терористите на ПКК/ЈПГ во покраината Амуде-Дербесије, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите кои ги доби новинарот на АА, МИТ утврди дека терористот Ребани, кој во периодот додека бил на чело на терористичката организација за регионот Хафтанин наредил напад врз Турските вооружени сили, се наоѓа во Сирија.

МИТ изврши операција и покрај Ребани, го неутрализира и терористот Мазлум Есат со кодно име „Рухаз Амуде“, таканаречениот „генерален инженер“ за пoкраината Амуде-Дербесије.

Тимот кој учествуваше во операцијата, по завршувањето на задачата безбедно се врати во Туркије.

Терористот Рабани, кој се приклучи на ПКК во 1990-тите, во 2010 година беше одговорен за Координативниот комитет, таканареченото највисоко извршно тело на иранскиот огранок на организацијата, ПЈАК.

Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на терористичката организација ПКК во Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın