Diyar Güldoğan
11 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
АНКАРА (АА) - Грција беше вознемирена откако Туркије го испрати својот нов брод за сондажни дупчења во Источниот Медитеран за истражување на јаглеводороди, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Грција беше многу вознемирена“, рече Ердоган во главниот град Анкара на церемонијата на отворање на 34 хидроцентрали.
Тој нагласи дека Туркије е сила со своите четири брода за дупчење и двата брода за сеизмички истражувања.
Како дел од стратегијата на Туркије за истражување на јаглеводороди, четвртиот брод за дупчење, „Абдулхамид Хан“, неодамна пристигна на својата прва дестинација, бунарот Јоруклер-1 во близина на брегот во јужната област Анталија.
Бродот, кој се смета за најмоќен брод од четирите во сегашната флота на земјата, ќе врши сондажни дупчења во Источниот Медитеран додека другите бродови, „Јавуз“ и „Кануни“ ќе продолжат со операции за дупчење во Црното Море.
„Од моментот кога ќе го извадиме природниот гас, ќе видите како се менува времето во целиот регион“, додаде Ердоган.
Новото дополнување на флотата е од седмата генерација бродови и еден од петте во светот со можност за дупчење на длабочина до 12.200 метри.