Aylin Dal
10 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Припадниците на Турската разузнавачка служба (МИТ) извршија успешна операција на северниот дел на Ирак, каде што го фатија и го донесоа во Туркије терористот Чекдар Каја, кој го користел кодното име „Чијагер Мамхури“ и водеше логистички работи на терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата за фаќање на терористот е спроведена во областа Синџар во северен Ирак.
Каја се приклучил на редовите на ПКК во северен Ирак во 2015 година и дејствувал во терористичките кампови на планината Гара, а од 2017 година и во Синџар, каде што бил и во редовите на терористичкиот снајперски одред.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.
Планинските региони Ќандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат на северот на Ирак и го претставуваат главното гнездо на терористичката организација ПКК.