Diyar Güldoğan
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека расте загриженоста во западните земји поради енергетската и кризата за храна, додавајќи дека Туркије нема таков проблем, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со претстојната зима, загриженоста за енергијата и храната се зголемува на Западот. Кај нас не постои таква загриженост“, изјави Ердоган на настан во главниот град Анкара.
За време на посетата на чешкиот главен град Прага минатата недела по повод првиот состанок на Европската политичка заедница, Ердоган рече дека многумина од лидерите кои присуствувале на настанот му кажувале за загриженоста како ќе ја поминат зимата.
„Ги слушав овие загрижености... Лидерите размислуваа само за тој момент. За жал, тие не ги оценуваа случувањата меѓу Русија и Украина со здрав разум“, рече тој.
Ердоган додаде дека милиони луѓе од Африка до Азија се соочуваат со тешкотии да стигнат до основните прехранбени производи.
Тој нагласи дека на светските пазари преку Туркије испратени се над 7 милиони тони украинско жито, по потпишувањето на договорот во Истанбул во јули кој го отвори поморскиот коридор низ Црното Море.
Туркије, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина го потпишаа договорот во Истанбул на 22 јули за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, кои беа прекинати по почетокот на руско-украинската војна во февруари.