Elif Küçük
09 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Еродган, изјави дека музеите и културата се многу важни за секоја нација и држава, известува Агенција Анадолија (АА).
„Во последните 20 години во потполност реновиравме 164 музеи во земјата. Отворивме 56 нови музеи низ нашата држава“, рече Ердоган во своето обраќање на свеченоста по повод отворањето на Музејот за сликарство и скулптура во Истанбул при Универзитетот за ликовна уметност „Мимар Синан“.
Ердоган нагласи дека богатата историја се чувствува во секој дел на Туркије, а секоја од 81 турска област ги остава своите посетители фасцинирани со богатата култура и различни артефакти.
Претседателот на Туркије додаде дека исто така е важно да се ценат овие убавини, да се заштитуваат и да им се остават на идните генерации.
Ердоган посочи дека оние кои сакаа да ја раскинат врската на нацијата со нејзината историја, цивилизација, култура и традиционални вредности, за жал, не го ценат единственото културно наследство.
„Ние во тој контекст, во изминатиот период ги поддржавме сите видови активности, проекти, сите видови квалитетни иницијативи кои го обогатија културниот и уметничкиот живот на нашата земја“, истакна Ердоган.

Зборувајќи дека преземањето на сите овие успешни активности во рамките на границите на Туркије, Ердоган истакна дека никогаш не ги занемариле своите културни добра во странство и дека преку надлежните институции, откриле, ревитализирале и ги заштитиле артефактите на своите предци.
Претседателот на Туркије рече дека преземаат огромни напори да бидат вратени во татковината вредните артефакти прокриумчарени од Туркије и додаде дека како резултат на правните и дипломатски напори, успеале во земјата да вратат 9.034 артефакти.