Mümin Altaş
09 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
АНКАРА - Турските разузнавачки сили неутрализираа високорангиран член на терористичката група ПКК во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Окес Девели, со кодно име Кендал Пирсус, беше цел на операцијата на турската Национална разузнавачка организација во регионот Гара, потврдија неименувани безбедносни извори.
Девели, кој на терористичката организација ѝ се приклучил уште како студент по медицина, ги продолжил терористичките активности во регионите Зап, Метина и Харкурк во северен Ирак.
Овој терорист минатата година беше на чело на таканаречениот комитет за здравје на терористичката група.
Во исто време, неутрализиран е и Кајхан Картал, телохранителот на Девели, со кодно име Кемал Пир, информираа безбедносните извори.
Турските власти го користат изразот „неутрализиран“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или заробени.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.