Cemal Aşan,Necat Hazar
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ХАКЌАРИ (AA) - Безбедносните сили на Република Турција во југоисточниот турски град Хакќари пронајдоа скадиште со муниција на терористичката организација ПКК, и запленија големи количини различно наоружување, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, престојуваше во местото Јукселова, недалеку од Хакќари, каде што по повод празникот Рамазан Бајрам се состана со турските војници.
Сојлу информираше во врска со акцијата во регионот Икијака Даглари, и рече дека е откриено едно од најголемите терористички складишта во овој регион.
„Ова е најголема количина на муниција и оружје која досега е запленета во регионот на градот Хакќари. Запленети се 116 калашникови, митралез ДШК, пет пушки, три гранати, 13 автоматски пушки, пет парчиња РПГ-7, седум снајпери, еден фрлач на бомби, 217 рачни бомби и 239 други бомби", рече Сојлу.